Достапни линкови

СДСМ бара информации за преговорите за името


Премиерот Груевски и државниот врв на Република Македонија се единствените кои ги знаат деталите од предлогот на медијаторот на ОН, Метју Нимиц, како и позициите на Република Грција, соопшти денеска СДСМ.
Социјадемократскиот сојуз на Македонија и опозицијата, се подвлекува, немаат никакви информации.
- Како и досега целосно сме исклучени од преговарачкиот процес. СДСМ е одговорна политичка партија и вакви прашања, што се од врвен државен интерес, не може да ги коментира врз основа на информации пласирани во медиумите, стои во соопштението.
Во СДСМ сметаат дека македонскиот државен врв итно треба да ги повика на средба сите релевантни политички субјекти во Република Македонија, да ги презентира информациите во каква фаза се преговорите и да ги запознае со позициите на македонската страна во спорот со Грција.
XS
SM
MD
LG