Достапни линкови

Реакции за механизмот за суспензија на безвизниот режим


Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малстром го поздрави денешното усвојување на механизмот за можна суспензија на безвизниот режим од страна на Евроскиот парламент, нагласувајќи дека со тоа ќе се осигура да нема злоупотреба на патувањето без визи.
Пратеничката во Европскиот парламент Тања Фајон денеска порача дека не постои опасност за земјите од Западен Балкан наскоро да биде применет механизмот на привремено воведување на визи за државите чии граѓани во поголем број доаѓаат како лажни азиланти во ЕУ.
Иако и натаму е значаен, сепак, бројот на азиланти од регионот на Западен Балкан всушност се намалува, така што земјите-членки на ЕУ немаат основа да бараат Европската комисија да го активира механизмот, наведува Фајон во соопштението.
XS
SM
MD
LG