Достапни линкови

Ердоган се сомнева во искрените намери на Асад


Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска изрази сомнеж дека сирискиот претседател Башар ал Асад ќе го исполни своето ветување за ставање на сириските хемиски арсенали под меѓународна контрола.
Според Ердоган, Асад само „си купува време за нови масовни убиства“.
Рускиот предлог за ставање на сириските хемиски арсенали под меѓународна контрола, засега ги одложи евентуалните воздушни напади на САД и нивните сојузници како одговор на нападот со хемиско оружје, извршен на 21 август во близина на Дамаск.
XS
SM
MD
LG