Достапни линкови

Косовски медиуми: Приштина ја крева рампата - Македонија ги укинува таксите


Косово до утре изутрина ќе ја крене рампата за македонските производи, а се очекува да биде укината и влезната такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија, објавија Косовската радио телевизија и Косовапрес.
Во Скопје денеска е косовскиот вицепремиерот Хајредин Кучи на средби со македонски владини претставници со цел да се надминат несогласувањата. Косово, по условениот ивоз на Брашно во Македонија, изминатиот викенд воведе забрана за увоз на македонски производи, на што македонските власти одговорија со наплаќање такси за влез на косовските граѓани и возила.
XS
SM
MD
LG