Достапни линкови

Европскиот парламент го усвои механизмот за суспензија на безвизниот режим


Европскиот парламент денеска го усвои извештајот на шпанскиот европратеник од редовите на Европската народна партија, Диаз де Мера, со кој се дава зелено светло за усвојување на механизмот за суспензија на безвизниот режим во одредени случаи, како и за мерки за реципроцитет, јави дописникот на МИА. Суспензивниот механизам, според приврзаниците на извештајот, не е изработен само за земјите од Западен Балкан, туку за сите кои имаат безвизен режим со шенген зоната. По укинувањето на визите во 2009 и 2010 година, некои европски земји членки беа преплавени со баратели на азил кои доаѓаат главно од Србија и Македонија. По барање на неколку земји-членки, Европската комисија ќе може да ја активира клаузулата за суспензија на безвизниот режим. Со суспензивниот механизам се предвидува повторно воведување на визниот режим за период од шест месеци, како и негово продолжување на една година.
XS
SM
MD
LG