Достапни линкови

Венизелос - Следниот состанок за името на крајот на месецов


Следниот состанок во врска со прашањето за името најверојатно ќе се одржи последната седмица од септември во Њујорк, изјaви грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.
Грчкиот вицепремиер ја информираше Парламентарна комисија за национална одбрана и надворешна политика за неговата средба со медијаторот Метју Нимиц. Тој изрази уверување дека „грчката позиција, како што е формулирана, ужива широк национален консензус, и повтори дека Атина е за сложено име со географска одредница што се однесува на географскиот поим на името, а не на политичкиот термин“.
Венизелос уште еднаш кажа дека Грција е само за ерга омнес решение.
„Мислем дека јаснотијата со која одговоривме и ги кажавме нашите позиции, како и анализите кои ги спроведовме со Нимиц, многу ќе помогнат во преговорите со Скопје и подоцна, на нашите состаноци за ова прашање“, рече Венизелос.
XS
SM
MD
LG