Достапни линкови

Приведени активисти на „Паркобрани“ пред Бристол


Macedonia- With police assistance late night cut trees downtown in Skopje

Macedonia- With police assistance late night cut trees downtown in Skopje

Во ноќна полициска акција се приведени активистите кои во изминатиов месец се собираа пред паркот во центарот на градот во близина на Бристол со цел да спречат изградба на објект, јавуваат дел од македонските медиуми. Повикувајќи се на фотографии и коментари од станари кои живеат во близина на Бристол, на социјалните мрежи се наведува дека полициската акција била спроведена во 1 часот по полноќ. Во центарот на градот се уште е забележливо зголемено полициско присуство и блокирани улици. На официјалната фан страна на граѓанската иницијатива „Паркобрани“ е напишано дека над 400 припадници на специјалните полициски сили го „окупира“ центарот на градот и уапсиле десетина активисти кои биле собрани во паркот каде што е планирано да се изгради административен објект. Информацијата за апсењето на активистите се уште не е официјално потврдена од полицијата, која не дозволува пристап ниту какво било снимање во близина на случувањата. Според видеата кои што ги објавуваат локалните жители од своите домови на Јутјуб во паркот околку Бристол се поставува ограда и се подготвува за градба. Според инфомациите на А1 он меѓу приведените е и директорот на јавното претпријатие Паркинзи Центар.
XS
SM
MD
LG