Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун ги поздрави разговорите меѓу САД и Русија


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги поздрaви американско- руските разговори за сириската криза.
Тој изрази надеж дека со разговорите ќе се дојде до согласност на двете страни и оти ќе се надмине поделеноста во Советот за Безбедност по прашањето за обезбедување и уништување на сириското хемиско оружје.
Неговиот портпарол истакна дека од клучна важност е и прашањето за преземање акција со што би се ставил крај на двегодишниот конфликт.
XS
SM
MD
LG