Достапни линкови

Северна Кореја го стартува нуклеарниот реактор


Американски институт за истражување соопшти дека нивните сателитски снимки укажуваат дека Северна Кореја повторно го вклучила плутониумскиот реактор во нуклеарниот капацитет Јонгбјон. Реакторот беше исклучен во 2007 година, согласно договорот за разоружување. Пјонгјанг во април годинава најави дека повторно ќе го вклучи во погон, наспроти притисоците од САД и од Јужна Кореја да не го прави тоа. Американско-корејскиот институт „Џон Хопкинс“, тврди дека на снимки од комерцијален сателит по 31 август јасно се гледа бел чад што излегува од објект веднаш до реакторот. Се уште нема коментар од Меѓународната агенција за атомска енерегија.
XS
SM
MD
LG