Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза- променливо облачно со дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, но малку потопло со подолги сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд особено во попладневните часови кога ќе бидат проследени и со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 26 до 32 степена. Во Скопје ќе биде променливо облачно и потопло со подолги сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 28 степени. Стабилизирање на времето се очекува од петок кон крајот на денот кога од север ќе се спушта постуден воздух и ќе донесе заладување така да за време на викендот ќе преовладува стабилно, суво и постудено време.
XS
SM
MD
LG