Достапни линкови

logo-print

Eвропските пари заглавуваат во институциите


Седница на собраниската комисијата за европски прашања.

Седница на собраниската комисијата за европски прашања.

Искористеноста на европските пари е мала, оти парите заглавуваат во институциите и ретко стигаат до крајните корисници – жителите на Македонија, велат упатените

Сите подигаат пари од европските фондови, а искористеноста на програмите и понатаму е мала. Вака накратко може да се резимира од седницата на комисијата за европски прашања на која се разговараше за ИПА – Европската програма наменета за „европеизација“ на општеството. Според упатените, проблемот е во тоа што европските пари се заглавуваат во институциите и ретко стигаат до крајните корисници – жителите на Македонија.
Ние, конкретно од ИПА средствата сме корисници на ИПА 2009-та, тоа е проект за подобрување на човековите ресурси, за реформа во јавната администрација.

Министрите кои сведочеа на комисиската расправа велат дека европските пари се користат за различни цели и во различни проекти.

Министерот за информатичко општество и јавна администрација Иво Ивановски вели дека, меѓу другото, европските пари се трошат за обуки.

„Ние, конкретно од ИПА средствата сме корисници на ИПА 2009-та, тоа е проект за подобрување на човековите ресурси, за реформа во јавната администрација.“

Директорот на Царина Ванчо Каргов вели дека неповратните европски фондови се користат за модернизација.
Значи не се европеизирам е прво и второ што овие пари се врзани за реформи. Ако државата прави вистински реформи, ќе може да ги апсорбираме.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека во МВР се програмирани 38 милиони евра за ИПА.

Пратеникот Гордан Георгиев од СДСМ, праша што точно било издвоено како придобивка од овие пари.

„Последните мерења на глобалниот барометар за корупција за 2013 година, 55, 3проценти од граѓаните на Република Македонија се изјасниле дека полицијата е корумпирана.“

Искористеноста сепак е на многу ниско ниво, смета професор Димитар Мирчев. Главниот проблем, според него, е слаба обученост за повлекување на неповратни средства од европските фондови.

„Треба да се смали разликата меѓу нивото на општата поддршка и на вистинска имплементација од страна на надлежните органи, дури и на невладиниот сектор.“

Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование вели дека двата главни проблеми се во слабите реформи и заглавување на парите во институциите.

„Значи не се европеизирам е прво и второ што овие пари се врзани за реформи. Ако државата прави вистински реформи, ќе може да ги апсорбираме.“

Неспроведена реформа значи дека нема пари за следните чекори, објаснува Димова.

„На пример во јавна администрација – два милиони евра ќе потрошат за да го донесат законот за јавни службеници. Само што ќе заврши проектот, владата измислува јавни службеници и го менува законот, следниот проект на ИПА предвидува од тој закон што го донеле претходно понатаму да се јакнат капацитетите, да се спроведе тој закон и сега вие повторно се враќате на почеток, со тоа што во меѓувреме смислува некои други глупости“, вели Димова.
XS
SM
MD
LG