Достапни линкови

Нимиц: Грците се за име за севкупна употреба


„Немаме решение меѓу Македонија и Грција во врска со априлскиот предлог“, изјави по денешната средба со премиерот Никола Груевски медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, кој во Скопје допатува од Атина.

„Во Атина имаат два проблеми во врска со мојот предлог - местопложбата на географската одредница и обемот на употреба на договореното име. Во Скопје, пак, добив став кој е во согласност со долгорочните стратегиски позиции на земјата“, рече Нимиц, прецизирајќи дека грчката страна инсистира на севкупна употреба на договореното име што подразбира негова официјална употреба во институциите, во договорите, во ОН и во други меѓународни организации.
XS
SM
MD
LG