Достапни линкови

Србија: на границата со Македонија годинава 4100 мигранти


На границата меѓу Србија и Македонија во текот на оваа година се откриени околу 4 илјади и 100 мигранти кои илегално се обиделе да влезат во Србија. Ова денеска го изјави началникот на регионалниот центар на граничната полиција во Прешево Срѓан Антиќ. „Станува збор главно за мажи на возраст меѓу 25 и 40 години од Африка и Блискиот Исток. Најмногу има пакистанци, авганистанци, сомалијци и сиријци“, изјави тој за агенцијата Бета, додавајќи дека нивниот транспорт во последниве две години го извршувале организирани криминални групи.
XS
SM
MD
LG