Достапни линкови

Баросо бара казни за земјите членки кои не ги почитуваат вредностите на ЕУ


Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, во обраќањето во Европскиот парламент, изјави денеска дека Европската Унија треба да има поефикасни механизми за казнување на земјите членки кои не ги почитуваат основните вредности на Унијата. Унгарија, Романија и Бугарија постојано се критикувани за непочитување на некои вредности, како човековите права, независноста на судството и владеењето на правото. Тој оцени дека во економиите на земјите членки на ЕУ се опоравуваат, но апелира на побрзо креирање на банкарската унија за да се избегне нова финансиска криза, како онаа во 2008-ма.
XS
SM
MD
LG