Достапни линкови

Оспорен тендерот за аеродромот во Кишињев


Уставниот суд на Молдавија ја суспендира одлуката на владата за давање на меѓународниот аеродром во Кишињев на управување на руска компанија. Пред една недела, министерството за економија соопшти дека руската компанија Комакс ќе инвестира 244 милиони евра во аердромот со кој требаше да стопанисува 49 години. Група пратеници го оспорија договорот, сметајки дека тендерот не бил транспарентен. Од 7-те пријавени странски компании за овој тендер, 5 предвреме се повлекле без објаснување.
XS
SM
MD
LG