Достапни линкови

4-ца загинати во експлозија на Синајскиот полуостров


4 лица загинале, а 10-мина биле повредени во експлозија на автомобил бомба на Синајскиот полуостров во Египет. Државната телевизија јави дека цел на нападот бил објект на безбедносните сили во Рафа, на границата со Појасот Газа. Уште една експлозија се случила на контролен пункт во близина на првиот инцидент. Египетската армија пред неколку дена започна акција против милитантите во тој дел од земјата.
XS
SM
MD
LG