Достапни линкови

Русија го забрани увозот на вино од Молдавија


Руската одлука за забрана на увоз на вино од Молдавија стапи денеска во сила, а образложението е дека во молдавското вино имало штетни материи. Министерот за економија на Молдавија Валериу Лазар изјави дека ваквиот потег на Москва има политичка заднина. Пред неколку дена рускиот заменик премиер Дмитриј Рогозин ја предупреди Молдавија дека нејзините намери за потпишување договор за асоцијација со ЕУ, ќе наидат на одговор од Москва. Москва врши притисок врз Молдавија, Украина и врз некои други земји од поранешниот Советски сојуз, да не склучуваат договори за поблиски врски со Европската Унија.
XS
SM
MD
LG