Достапни линкови

Ракометарките на Вардар кон Лигата на шампиони


Тимот засилен со десетина врвни ракометарки влева надеж и за триумф во Лигата на шампионите, односно за повторување на успехот на Кометал Ѓорче Петров, од пред една деценија.

По петгодишна пауза, македонскиот женски ракомет има реални шанси да се врати во групната фаза од најквалитетното клупско натпреварување - Лигата на шампионите. Адут за таков успех ни е првакот Вардар СЦБТ, кој годинава се засили со десетина врвни ракометарки, како што се Суслина, Лејно, Костјукова, Радичевиќ, Ѓокиќ, Пино, Николиќ, Дембеле, Фернандез, Хмирова, Лекиќ, Лојпур...
Не сакам никого да потценувам, но мислам од четирите екипи дека Салерно е најслаб тим. Но, ние ќе се подготвуваме за него без потценување. Значи мора да покажеме максимум и да излеземе како победници од тој натпревар. Можеби овие другите две екипи ќе имаат потежок меч, уште не знаеме кој од тие две екипи може да помине, ние се подготвуваме и за двете. Така што, апсолутно ние веруваме дека можеме да поминеме, нормално и ќе сториме сè за да поминеме. Така што, јас верувам дека ние ќе излеземе од овој турнир како победници.

Според многумина, овој дрим тим, има квалитет и за триумф во Лигата на шампионите, односно за повторување на успехот на Кометал Ѓорче Петров, од пред една деценија. Сепак, црвено – црните прво ќе треба да влезат меѓу најдобрите 16, односно претстојниот викенд (14 и 15 септември) да го освојат првото место на квалификацискиот турнир во Италија. Таму, прво ќе се сретнат со домаќинот Салерно, а во евентуалното финале, со подобриот од пресметката меѓу рускиот Ростов и францускиот Флори.

Во Вардар се убедени дека ќе ја исполнат целта, а според тренерот Индира Кастратовиќ, поволна околност е тоа што во полуфиналето ќе се сретнат со аутсајдерот на турнирот.

Имаме една позитивна работна атмосфера, работиме добро, се ангажираме максимално и мислам дека со ваква атмосфера би требало да имаме и успех.
„Не сакам никого да потценувам, но мислам од четирите екипи дека Салерно е најслаб тим. Но, ние ќе се подготвуваме за него без потценување. Значи мора да покажеме максимум и да излеземе како победници од тој натпревар. Можеби овие другите две екипи ќе имаат потежок меч, уште не знаеме кој од тие две екипи може да помине, ние се подготвуваме и за двете. Така што, апсолутно ние веруваме дека можеме да поминеме, нормално и ќе сториме сè за да поминеме. Така што, јас верувам дека ние ќе излеземе од овој турнир како победници“, рече Кастратовиќ.

Слично размислуваат и ракометарките. И тие сметаат дека вистинското искушение ќе биде во финалето, во кое, според Билјана Црвенкоска, ќе пресуди искуството и квалитетот на нашиот шампион.

„Салерно не е многу јака екипа, мислам дека нема да имаме проблеми. Меѓутоа, после тоа треба да играме или со Ростов или со Флори. И двете екипи се доста искусни, доста добри екипи, така што кој и да победи ќе имаме навистина силен противник во финалето. Ние сме нова екипа и малку потешко ни одеше воигрувањето. Меѓутоа, мислам дека не би требало да имаме никаков проблем. Имаме навистина искусни и добри ракометарки. Имаме една позитивна работна атмосфера, работиме добро, се ангажираме максимално и мислам дека со ваква атмосфера би требало да имаме и успех“, изјави Црвенкоска.

Доколку се пласираат во групната фаза од Лигата на шампионите, вардарки ќе бидат дел од групата Д, во чии рамки по два пати ќе ги одмерат силите со норвешкиот Ларвик, шпанската Бера Бера и со хрватската Подравка. Покрај тоа, нашиот главен град Скопје, ќе биде единствениот кој во историјата на главната фаза од Лигата на шампионите имал три клуба, откако таму веќе се пласираа машкиот првак Вардар и вицешампионот Металург.
XS
SM
MD
LG