Достапни линкови

Јахјага со апел за нормализација на транспортот на границата со Македонија


Косовската претседателка Атифете Јахјага ги повика владите во Приштина и во Скопје да најдат заедничко решение за да се нормализира слободниот проток на стока и луѓе меѓу Македонија и Косово.
Според Јахјага, недоразбирањата треба да се решат институционално според правилата на ЦЕФТА.
- Косово и Македонија се во процес на евроинтеграција и за да ја постигнат таа цел треба меѓусебно да си помагаат. Слободното движење на луѓе и стока е еден од основните предуслови за добри меѓусоседски односи и евроинтеграции, изјави Јахјага по средбата во Приштина со словенечкиот претседател Борут Пахор.
Во меѓувреме, продолжува ембаргото за македонски производи на Косово, како и плаќањето такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија.
Границата меѓу двете земји поради блокадата на транспортерите на граничните премини може да се помине само пеш.
XS
SM
MD
LG