Достапни линкови

logo-print

Средба на министрите за одбрана на Македонија и на Грција


Министерот за одбрана Талат Џафери денеска во Лариса има тет-а-тет средба со грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос.
Двајцата министри во Лариса ќе присуствуваат на свечената церемонија по повод примопредавањето на должноста командант на мултинационалната бригада на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ.
Досегашниот командант на СЕЕБРИГ, бригадниот генерал Здравко Поповски, кој командуваше во изминатите две години, функцијата му ја предава на својот турски колега, бригадниот генерал Хакан Есер.
XS
SM
MD
LG