Достапни линкови

logo-print

Нимиц се среќава со Груевски и Попоски


Медијаторот во спорот за името Нетју Нимиц, кој вчера допатува во Македонија од Грција, денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а се очекува да се сретне и со премиерот Никола Груевски.
Вчера Нимиц се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, кој изјавил дека Македонија е подготвена на средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот со Грција за разликата околу името. Иванов во разговорите истакнал оти очекува грчката страна да покаже добра волја за создавање позитивна атмосфера и надминување на разликата околу името.
Шефот на државата, според соопштението од неговиот Кабинет, ја реафирмирал македонската државна позиција и посветеноста за изнаоѓање заеднички прифатливо решение за разликата околу името.
Како што се наведува, на средбата била разгледана актуелната состојба на процесот кој се води под покровителство на ОН и биле разменети информации и мислења поврзани со идеите и размислувањата на специјалниот пратеник Нимиц, како и со исходот од неговата посета на Атина.
XS
SM
MD
LG