Достапни линкови

Обама: ќе му дадеме шанса на рускиот предлог за Сирија


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Вашингтон и неговите сојузници ќе му дадат шанса на предлогот на Русија за обезбедување на сириското хемиско оружје, но остануваат воените планови за можен напад. Во телевизиското обраќање во живо од Белата Куќа, Обама истакна дека е прерано да се каже дали ќе успее планот на Москва да го стави сириското хемиско оружје под меѓународна контрола. Тој рече дека американските сојузници Франција и Британија ќе работат на предлогот заедно со Русија и Кина.
Обама го искажа својот став дека во спротивно, ограничена воена акција ќе биде неопходна. Доколку не се преземе акција, додаде тој, тоа ќе претставува опасен преседан за користење хемиско оружје, закана за американските интереси и сојузници, како и охрабрување на Иран.
Обама нагласи дека и наложил на армијата да биде подготвена за акција и оти побарал од Конгресот да го одложи гласањето за напад за да и се даде шанса на дипломатијата.
XS
SM
MD
LG