Достапни линкови

Утре средба Кери-Лавров за кризата во Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери утре во Швајцарија ќе разговара со својот руски колега Сергеј Лавров за кризата во Сирија. Според агенцијата Асошиетед прес, тоа го изјавил анонимен претставник на Стејт департментот, додавајќи оти на средбата ќе стане збор за можен договор за контрола на хемиското оружје во Сирија. Двајцата високи дипломати ќе се обидат на тој состанок да постигнат договор за нова резолуција на Советот за безбедност на ОН, која би барала од Сирија да се откаже од хемиското оружје.
Русија претходно најави дека ќе изврши притисок врз Сирија во врска со ова прашање. Тоа требаше да биде и тема на синоќешниот состанок на Советот за безбедност, но тој беше откажан.
XS
SM
MD
LG