Достапни линкови

Иран подготвен за договор, но не отстапува од нуклеарната програма


Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека неговата земја е готова да постигне договор со светските сили за нејзината нуклеарна програма, но оти времето е ограничено. Тој истакна дека Иран е подготвен за „вин-вин“ ситуација, но додаде оти Техеран нема да отстапи ни за „јота“ од правото на луѓето за продолжување на нуклеарната програма.
Рохани побара од Западот да ја промени својата политика, вклучувајќи и повлекување на економските санкции спрема Иран поради неговата нуклеарна програма. Тој истакна дека постигнувањето на нуклеарен договор нема да оди без почит.
Рохани се подготвува подоцна овој месец да отпатува за Њујорк каде што ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН.
XS
SM
MD
LG