Достапни линкови

Томас Бах е нов претседател на ИОК


Томас Бах

Томас Бах

Германецот Томас Бах е избран за претседател на Меѓународниот олимписки комитет. Вчера во Аргентина беше одржано тајно гласање за избор на нов претседател на местото на Белгиецот Жак Рог, кој се повлекува по 12 години минати на чело на Комитетот.
Противкандидати на Бах му беа Ричард Карион од Порторико, Денис Освалд од Швајцарија, Сергеј Бубка од Украина и Сер Мианг од Сингапур.
59-годишниот Бах е првиот освојувач на златен олимписки медал избран на оваа функција. Тој го освои златото на олимписките игри во Монтрал во 1976 година, во екипните настапи во мечување.
Бах е деветтиот претседател на оваа организација во нејзината 119-годишна историја. Тој е член на Комитетот од 1991 година и беше трипати потпретседател.
XS
SM
MD
LG