Достапни линкови

logo-print

Косовската влада ги повика граѓаните да избегнат патување во Македонија


Владата на Косово, како што јави дописникот на Радио Слободна Европа од Приштина, ги повикала граѓаните на Косово да избегнат патување во Македонија поради неповолната ситуација.
Имено како што е познато, поради блокада на границата сообраќајот на граничниот премин Блаце е запрен во двата правци.
Македонските транспортери револтирани поради забраната за извоз кон Косово, уште синоќа со два камиони го блокираа влезот на Блаце и не дозволуваат граничниот премин да го помине ниту едно возило.
На патниците им е дозволено да се движат само пеш. За болните обезбедена е екипа на Брзата помош.
XS
SM
MD
LG