Достапни линкови

Обама се согласил со планот на Русија за Сирија


Барак Обама

Барак Обама

Претставник на Белата куќа изјави дека претседателот Барак Обама се согласи со неговите француски и британски колеги да се испита планот на Русија за меѓународна контрола врз сириското хемиско оружје во рамките на ОН. Неименуван официјален претставник рекол дека Барак Обама, Франсоа Оланд и Дејвид Камерон се согласиле да работат со Русија и Кина за да се обезбеди уништување на сириското хемиско оружје. Владата на Сирија денеска се согласи со рускиот предлог. Сепак, францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус соопшти дека Русија се противи на обврзувачка резолуција на ОН за хемиското оружје на Сирија.
XS
SM
MD
LG