Достапни линкови

Македонија недоволно атрактивна за руските туристи


Tуристичка сезона во Охрид.

Tуристичка сезона во Охрид.

Македонија треба да поработи на туристичката понуда да биде поатрактивна, бидејки очигледно е дека сите други имаат и поатрактивни и поевтини понуди, вели Јордан Ѓорчев претседател на Сојузот на Македонско-руски друштва во Македонија.

Руски инвестиции во периодот кој следи ќе има се повеќе во Македонија, рече Јордан Ѓорчев претседател на Сојузот на Македонско-руски друштва во Македонија. Според него Русите се заинтересирани да инвестираат во повеќе сектори во државата, но најмногу во енергетиката. Во делот на туризмот Ѓорчев смета дека добар момент е укинувањето на визите за руските граѓани.
Затоа Македонија треба да поработи на туристичката понуда да биде поатрактивна, бидејки очигледно е дека сите други имаат и поатрактивни и поевтини понуди. Минатата година имавме група туристи од организацијата на руски жени, пробавме на неколку места да направиме таква организација во некои од хотелите. Некои од барањата кои ги имаа тие, хотелите не можеа да одговорат на тоа.

„Јас мислам дека инвестициите најмногу ќе бидат во секторот на енергија и преработка на храна бидејки нив поинтересно ќе им биде овде да имаат сопствени капацитети за пакување на храна која што потоа ќе ја носат во Русија“, рече Ѓорчев.

Според Ѓорчев, Македонија треба да поработи многу повеќе за привлекување на руските туристи, да ги намали цените но и да ја подобри понудата.

„Ние се уште за некој туризам голем од таа страна не можеме да збориме, бидејки туристичките капацитети барем по она што ние го видовме кога се обидовме да донесеме некоја туристичка група не успеавме да ги задоволиме тие критериуми кои тие ги бараа. Затоа Македонија треба да поработи на Туристичка сезона во Охрид.

Туристичка сезона во Охрид.

туристичката понуда да биде поатрактивна, бидејки очигледно е дека сите други имаат и поатрактивни и поевтини понуди. Минатата година имавме група туристи од организацијата на руски жени, пробавме на неколку места да направиме таква организација во некои од хотелите. Некои од барањата кои ги имаа тие, хотелите не можеа да одговорат на тоа“, рече Ѓорчев.
Русите имаат предност во тоа што можат да разговараат нормално. Не мора да разговараат ниту англиски, ниту француски. Јазикот, славјанските корени, културата тоа е патот со кој може да ги придобиете руските инвеститори и туристи. Треба да обрнете внимание на етно туризмот, да го запазите она што е автентично за Охрид и охридската култура, макар да има и нешто ново. Има шанси и можности овде да доаѓаат руски туристи и инвеститори.

Руските инвестици особено во делот на туризмот се најбројни во соседна Бугарија. Некои од бугарските туристички дестинации се преплавени со руски инвестиции.

Бојко Соколовски претседател на Здружението Еврославјанско општество од Ќустендил во Бугарија.

„Русите имаат предност во тоа што можат да разговараат нормално. Не мора да разговараат ниту англиски, ниту француски. Јазикот, славјанските корени, културата тоа е патот со кој може да ги придобиете руските инвеститори и туристи. Треба да обрнете внимание на етно туризмот, да го запазите она што е автентично за Охрид и охридската култура, макар да има и нешто ново. Има шанси и можности овде да доаѓаат руски туристи и инвеститори“, рече Соколов.

И Македонските општини ги посакуваат руските инвеститори да дојдат и да вложат дел од својот капитал во нивните средини.

Милован Стојковски е градоначалник на општината Старо Нагоричане.

„Секоја инвестиција ни е добредојдена, а особено руска инвестиција. Ние со Србите и со Русите имаме допирни точки бидејки сме дел од православниот свет. Тие врски треба да се искористат. И ова што се случува со почеток на руски инвестиции во Македонија не е лошо. Ние сме општина која има 451 квадратен километар, а само 4.800 жители и ние секоја инвестиција би ја прифатиле.Тоа значи дека имаме големо пространство на земјиште кое е под општината и државата, а кое не е искористено кое може да се искористи за производство на електрична енергија“, рече Стојковски.
XS
SM
MD
LG