Достапни линкови

Кацин - визите нема да се вратат ако се потрудите


Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин апелира до медиумите од Западен Балкан точно и без сензационализам да известуваат за процесот на усвојување на предложениот механизам за привремено враќање на визниот режим во Европскиот парламент.
"Тема на дискусија денеска на пленарната седница, во ниеден момент се враќањето на визите. Она за што се зборува е донесување на механизам за привремено враќање на визите за земјите кои не успеваат да се справат со прашања поврзани со спроведувањето на безвизниот режим. Секако, ова се однесува првенствено на проблемот на лажни баратели на азил“.
Исто така, во рамките на сегашниот предлог, периодот во кој земјите-членки можат да ги искористат предностите на овој механизам и да побараат Комисијата привремено го врати визниот режим е седум години по укинувањето на визите.
Со други зборови, ако не постојат драматични промени во декември 2016 безвизниот режим стапува во сила трајно за граѓаните на Србија, Црна Гора и Македонија, а една година подоцна, и за граѓаните на Босна и Херцеговина и Албанија. Иако ситуацијата не е драматична, се подразбира дека владите на земјите од Западен Балкан треба да сторат сé што е во нивна моќ за да го запрат лажните баратели на азил. Европскиот парламент vo во четврток треба да се изјасни за овој предлог.
XS
SM
MD
LG