Достапни линкови

Средба Иванов - Нимиц вечерва во Скопје


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе го прими амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името.
Како што најавија од кабинетот на претседателот, средбата ќе се одржи вечерва во Вила Водно.
Медијаторот Нимиц допатува во Македонија од Атина, каде вчера се сретна со министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос.
По вчерашната средба со Венизелос Нимиц меѓудругото рече дека овие се тешки преговори и дека е многу важно секоја страна целосно да ги сфати ставовите на другата страна. Сепак изрази надеж дека двете страни ќе ги доближат ставовите и додаде дека во вистинско време и на вистинско место може да има дијалог на многу високо ниво.
XS
SM
MD
LG