Достапни линкови

Портретот на Малала ќе биде изложен утре во во Лондон


Портретот на тинејџерката Малала Јусуфзаи која води кампања за образование на жените во Пакистан ќе биде изложен утре во Националната Портрет Галерија на Велика Британија во Лондон. Портрет ја прикажува Малала како пишува домашна задача, а ја насликал познатиот британски уметник Џонатан Јео.
Уметникот изјави дека портретот подоцна ќе биде даден на аукција за фондот за добротворни цели фонд на Малала. Малала на 16, беше застрелана во главата од страна на Талибанците во северозападниот дел на Пакистан во октомври 2012 година.
Таа беше пренесена во Велика Британија на третман, а во моментов таму живее со своето семејство. Малала минатата недела доби 100.000 евра на Меѓународната детска награда за мир. Парите ќе бидат инвестирани за образовни проекти на девојчињата во Пакистан.
XS
SM
MD
LG