Достапни линкови

Нимиц дојде, какви се очекувањата?


Посредникот Метју Нимиц од македонските власти очекува добар состанок, а познавачите од неговата посета не очекуваат напредок во разговорите.

Медијаторот на ОН за прашањето за името Метју Нимиц пристигна во Скопје. Пред средбите со државниот врв кратко изјави дека очекува добар состанок со властите тука.
Очекувам добар состанок со властите тука. Во Атина има нова влада и нов министер за надворешни работи, јас дадов одредени предлози во април, така што тие ми дадоа детални коментари и сега знам и разбирам какви се нивните ставови денеска.

„Очекувам добар состанок со властите тука. Во Атина има нова влада и нов министер за надворешни работи, јас дадов одредени предлози во април, така што тие ми дадоа детални коментари и сега знам и разбирам какви се нивните ставови денеска“, изјави Нимиц.

Македонската експертска јавност е збунета по изјавите на Нимиц дека по состанокот со министерот Венизелос конечно јасно ги сфатил позициите на грчката Влада.
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.


Ова, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски покажува дека најверојатно Нимиц сфатил дека решение не е можно и оти без разлика на тоа како јавноста ја разбира, во основата на оваа изјава се крие песимизам.

„И треба да значи дека има нови елементи, а бидејќи тие нови елементи нас ни се главно познати, што сакаат Грците, тоа значи мора
Лично сметам дека во основата е песимизам, дека Нимиц конечно сфати дека решение не е можно со Грција и во Грција, така да ќе имаме нова етапа и нови перспективи.
да носи нов квалитет. Лично сметам дека во основата е песимизам, дека Нимиц конечно сфати дека решение не е можно со Грција и во Грција, така да ќе имаме нова етапа и нови перспективи.“

Не можам да го скријам изненадувањето од изјавата на Нимиц кој после толку години преговори и мачни разговори конечно ја сфатил грчката позиција за овој проблем, вели и професорот Беким Кадриу. И според него ваквите впечатоци на посредникот може само да се толкуваат како знак дека тој сфатил оти Грција нема намера да попушти и да премине преку Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средба со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје.

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средба со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје.

нејзините црвени линии.

„Посредникот сега сфатил дека тие нема да попуштат по никоја цена на тие црвени линии што ги имаат поставено и сега и за последниот предлог што беше за името.“

Никовски е убеден дека овој дијалог нема светла иднина и оти е извесно дека претстојната посета на медијаторот не навестува каков било напредок во разговорите.
Посредникот сега сфатил дека тие нема да попуштат по никоја цена на тие црвени линии што ги имаат поставено.

„Не треба некој да биде многу паметен да биде песимист, бидејќи ние знаеме дека на Грците им пречат Македонците, значи ако пораката на Нимиц е дека тоа го сфатил мислам дека ќе имаме нова ситуација.“

Кадриу пак се надева дека секогаш постои простор за промена на правецот на движење. Иако понекогаш работите изгледаат песимистички, не е исклучена можноста дека во одреден момент некоја од страните ќе попушти, вели професор Кадриу.

„Ние зборуваме од тоа што го гледаме генерално, од тоа што е искуство во минатото и и што очекуваме да се случи .Да се надеваме дека ќе има некоја промена во движењето на овие процеси.“

По вчерашната средба со Венизелос Нимиц меѓудругото рече дека овие се тешки преговори и дека е многу важно секоја страна целосно да ги сфати ставовите на другата страна. Сепак изрази надеж дека двете страни ќе ги доближат ставовите и додаде дека во вистинско време и на вистинско место може да има дијалог на многу високо ниво.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG