Достапни линкови

logo-print

Македонија очекува датум за ЕУ


Средба на претседателот Ѓорге Иванов со полскиoт претседател Бронислав Коморовски.

Средба на претседателот Ѓорге Иванов со полскиoт претседател Бронислав Коморовски.

На следниот Самит на ЕУ очекуваме Македонија конечно да добие датум за почеток на преговори, изјави претседателот Иванов, по средбата со полскиот колега Коморовски. Полска смета дека процесот на стабилизација на овој регион без Македонија е невозможен.

На следниот Самит на ЕУ очекувам Македонија да добие датум за почеток на преговори за влез во Унијата, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов по свечената церемонија и средбата со полскиот претседател Бронислав Коморовски, на кој му беше доделен орденот Осми септември. Според Иванов на средбата двајцата лидери констатирале дека меѓу Полска и Македонија нема отворени прашања. Иванов порача дека со Коморовски разговарале за придонесот кој го има Полска и нејзината заложба да ги помага сите земји - кандидати да го остварат своето полноправно членство во Унијата.
Очекуваме дека тоа ќе се примени и кај нас, така што истото го очекуваме и од следниот Самит на ЕК и од Советот на ЕУ, да конечно Македонија добие датум за почеток на пристапните преговори за Европската унија.

„Затоа што имаме случаи кога слично како Македонија, кандидати кои биле блокирани, сепак за нив се донело одлука паралелно да се движат процесите на решавање на отворените прашања и на евроинтеграциите. Очекуваме дека тоа ќе се примени и кај нас, така што истото го очекуваме и од следниот Самит на ЕК и од Советот на ЕУ, да конечно Македонија добие датум за почеток на пристапните преговори за Европската унија.“

Според Иванов моќта која ја има европската идеја и промените кои ги предизвикуваат интеграциите се неопходни за регионот и затоа очекува искрена поддршка и од Полска, бидејќи сегашната статус кво позиција на Македонија не е во полза на никого.

Коморовски порача дека поддршката за евроатланските аспирации на Македонија не е само поради добрите односи меѓу двете земји, туку и од политиката на отворени врати која ја негува Полска. Според него, патот на Македонија не е лесен, но позитивниот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ е признание за заложбите на земјата.
Полска отсекогаш подржувала и секогаш ќе поддржува определба за давање на рок за отпочнување на пристапните преговори, меѓудруго затоа што мислиме дека процесот на стабилизација на овој регион без Македонија е невозможен.

„Полска отсекогаш подржувала и секогаш ќе поддржува определба за давање на рок за отпочнување на пристапните преговори, меѓудруго затоа што мислиме дека процесот на стабилизација на овој регион без Македонија е невозможен.“

Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за наука и високо образование на Полска денеска потпишаа и спогодба за соработка во областа на науката и високото образование. Двајцата лидери изразија очекување дека економскиот форум на кој ќе присуствуваат ќе придонесе да се зголеми соработката и на ова поле.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG