Достапни линкови

Чекајќи го Нимиц без оптимизам


Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц.

Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц.

Нимиц сфатил оти Грција нема намера да попушти и да премине преку нејзините црвени линии, велат експертите. Тие додаваат дека тоа значи оти посетата на Нимиц нема да донесе напредок во преговорите.

По посетата на Атина, медијаторот на Обединетите Нации, Метју Нимиц вечерва доаѓа во Скопје, а средбите со македонскиот државен врв се планирани во текот на утрешниот ден. Македонската експертска јавност е збунета по изјавите на Нимиц дека состанокот со министерот Венизелос бил многу конструктивен и оти конечно јасно ги сфатил позициите на грчката Влада.
Лично сметам дека во основата е песимизам, дека Нимиц конечно сфати дека решение не е можно со Грција и во Грција, така да ќе имаме нова етапа и нови перспективи.

Ова, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски покажува дека најверојатно Нимиц сфатил дека решение не е можно и оти без разлика на тоа како јавноста ја разбира, во основата на оваа изјава се крие песимизам.
Евангелос Венизелос.

Евангелос Венизелос.


„И треба да значи дека има нови елементи, а бидејќи тие нови елементи нас ни се главно познати, што сакаат Грците, тоа значи мора да носи нов квалитет. Лично сметам дека во основата е песимизам, дека Нимиц конечно сфати дека решение не е можно со Грција и во Грција, така да ќе имаме нова етапа и нови перспективи.“
Ние зборуваме од тоа што го гледаме генерално, од тоа што е искуство во минатото и и што очекуваме да се случи .Да се надеваме дека ќе има некоја промена во движењето на овие процеси.

Не можам да го скријам изненадувањето од изјавата на Нимиц кој после толку години преговори и мачни разговори конечно ја сфатил грчката позиција за овој проблем, вели и професорот Беким Кадриу. И според него ваквите впечатоци на посредникот може само да се толкуваат како знак дека тој сфатил оти Грција нема намера да попушти и да премине преку нејзините црвени линии.

„Посредникот сега сфатил дека тие нема да попуштат по никоја цена на тие црвени линии што ги имаат поставено и сега и за последниот предлог што беше за името.“

Никовски е убеден дека овој дијалог нема светла иднина и оти е извесно дека претстојната посета на медијаторот не навестува каков било напредок во разговорите.

„Не треба некој да биде многу паметен да биде песимист, бидејќи ние знаеме дека на Грците им пречат Македонците, значи ако пораката на Нимиц е дека тоа го сфатил мислам дека ќе имаме нова ситуација.“

Кадриу пак се надева дека секогаш постои простор за промена на правецот на движење. Иако понекогаш работите изгледаат песимистички, не е исклучена можноста дека во одреден момент некоја од страните ќе попушти, вели професор Кадриу.

„Ние зборуваме од тоа што го гледаме генерално, од тоа што е искуство во минатото и и што очекуваме да се случи .Да се надеваме дека ќе има некоја промена во движењето на овие процеси.“

По вчерашната средба со Венизелос Нимиц меѓудругото рече дека овие се тешки преговори и дека е многу важно секоја страна целосно да ги сфати ставовите на другата страна. Сепак изрази надеж дека двете страни ќе ги доближат ставовите и додаде дека во вистинско време и на вистинско место може да има дијалог на многу високо ниво.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG