Достапни линкови

Обвинетите за убиствата во Смиљковци ќе бидат екстрадирани од Косово


косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими

косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата првоосомничени за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро во минатата година, ќе бидат екстрадирани од Косово штом заврши судскиот процес против нив за поседување оружје. Ова, како што јавува МИА, го изјавил косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими кој учествува на конференција во Вашингтон. „Нема никаква сомнеж дека убијци, луѓе обвинети за ѕверски убиства, ќе бидат предадени и ќе платат за нивните злосторства. Се работи за техничко прашање, кое не би сакале да се политизира или да се каже дека Косово не сака да ги предаде овие луѓе“, изјави Селими.
XS
SM
MD
LG