Достапни линкови

Иран: 44 луѓе загинале во сообраќајна несреќа


44 лица загинале во судар на два автобуса во Иран, јави денеска иранската новинска агенција Исна. До несреќата дошло синоќа кога еден од автобусите минал на спротивната насока. По сударот двата автобуса се запалиле. Иран е една од земјите со најголем број сообраќајни несреќи во светот. На патиштата таму годишно гинат над 20 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG