Достапни линкови

Заменик шефот на косовската дипломатија против трговскиот спор


Косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими

Косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими

Косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими повика на надминување на трговскиот спор меѓу Македонија и Косово и брзо повторно воспоставување на слободната трговија меѓу двете земји. „Навистина се надевам дека ќе направиме неколку чекори назад, да се вратиме на првиот чекор и да решиме да ја почитуваме слободата на трговија и слободата на движење на луѓе и да продолжиме да бидеме добри соседи и пример за многу други балкански земји кои војуваа меѓу себе. Со Македонија, освен етничките тензии од време на време кои се поттикнати од националисти во двете земји, навистина се трудиме да бидеме што е можно повеќе поврзани“, изјави Селими, кој зборуваше во универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG