Достапни линкови

logo-print

Сенатот го одложи планираното гласање за Сирија


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека предлогот на Русија според кој сириската влада треба да го предаде сето свое хемиско оружје на меѓународна контрола е „потенцијално позитивен развој“, но дека сепак тој се сомнева дали режимот ќе изврши примопредавање. Обама изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за идејата. Обама даде серија телевизиски интервјуа на темата во време кога американските пратениците дебатираат дали да и се даде овластување на администрацијата на Обама да спроведе воена операција во Сирија. Во услови на дискусија за можното предавање на сириското хемиско оружје, лидерот на мнозинството во Сенатот, Хари Рид го одложи планираното гласање за одобрување на мерката, кое беше закажано за в среда.
XS
SM
MD
LG