Достапни линкови

logo-print

Полскиот претседател во посета на Македонија


Претседателот на Полска Бронислав Коморовски.

Претседателот на Полска Бронислав Коморовски.

Претседателот на Република Полска Бронислав Коморовски денеска ќе престојува во посета на Македонија. Тој ќе има средба со неговиот домаќин претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. На полскиот претседател за време на посетата ќе му биде доделен Орденот „8 Септември“.

Претседателите на Македонија и на Полска, ќе имаат поздравни обраќања на македонско-полскиот бизнис-форум, а посетата ќе биде искористена и за потпишување на Спогодба меѓу Министерствата за образование и наука на двете земји за соработка во областа на науката и високото образование. Сопругите на претседателите, пак, ќе го посетат Здружението за борба против рак „Борка - за секој нов ден“.
XS
SM
MD
LG