Достапни линкови

Норвешкиот премиер го призна поразот


Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг

Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг

Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг го призна поразот и најави дека ќе поднесе оставка, откако на изборите загуби коалицијата предводена од неговата Лабуристичка партија. На изборите победи централно-десничарската коалиција, со што Ерна Солберг, лидерот на Конзервативната партија ќе ја преземе власта. Конзервативците изјавија дека се подготвени да формираат коалициона влада со Прогресивната партија која се залага за анти - имиграциски закони. Столтенберг, беше премиер од 2005-та, а на овие избори побара трет мандат. Неговата влада се соочуваше со критики поради економските политики и масакрот на 77 луѓе претежно поддржувачи на неговата партија од страна на Андерс Брејвик во 2011 година.
XS
SM
MD
LG