Достапни линкови

Индискиот суд одлучува за случајот на групно силување


Обвинетите во случајот на групно силување на една жена во Њу Делхи, во декември минатата година.

Обвинетите во случајот на групно силување на една жена во Њу Делхи, во декември минатата година.

Индискиот суд денеска треба да се произнесе за случајот на групно силување на една жена во Њу Делхи, во декември минатата година. Обвинети се четворица мажи за групно силување и убиство на 23-годишна студентка. Таа беше силувана и тепана во автобус минатата година, а почина две недели подоцна од здобиените повреди. Случајот предизвика меѓународен бес и протести. Сите четворица обвинети ги негираа обвиненијата, кои вклучуваат убиство, силување и криминален заговор. Ако бидат осудени тие може да добијат смртна казна. На 31 август годинава Судот го осуди последниот обвинет кој за време на извршување на кривичното дело имал 17 години, односно бил малолетник. Тој доби три години во поправен дом. Шестиот обвинетиот во март беше пронајден обесена во неговата затворска ќелија.
XS
SM
MD
LG