Достапни линкови

ОН да jа истражи смртта на Даг Хамарскјолд


Истражителите ги повикаа ОН повторно да ја отворат истрагата за смртта на генералниот секретар на светската организација Даг Хамарскјолд од пред повеќе од 50 години, повикувајќи се на „убедливи докази“ дека неговиот авион бил соборен. Хамарскјолд загина под мистериозни околности во септември 1961 година додека беше на мировна мисија во Конго. Неговиот авион се урна кратко пред да слета во Замбија. Извештајот за неговата смрт објавен во Хаг од приватно назначена комисија составена од угледни меѓународни судии и дипломати ја повика Американската агенција за национална безбедност да ги објави снимките од пилотската кабина од тоа време за да се потврди дали платенички авион можеби го урнал авионот на генсекот на ОН. Комисијата се повикува на нови сведоци кои тврдат дека виделе втор авион како пука во првиот ноќта на несреќата пред скоро 52 години.
XS
SM
MD
LG