Достапни линкови

Македонски превозници го блокирале Блаце


Македонски превозници синоќа со десетина камиони и автобуси го блокирале граничниот премин Блаце во знак на протест за косовската трговска блокада, јавува МИА.

АМСМ соопштува дека поради блокада на граничниот премин Блаце од страна на македонските превозници, сообраќајот за сите видови возила е во прекин во двата правци.

Биљана Муратовска, генерален секретар на здружението на транспортери МАКАМТРАНС, чии камиони се на Блаце, вели дека со блокадата сакаат да порачаат дека спуштањето на рампата од Косово е нестандардна и ригорозна мерка, што најмногу ќе ги погоди превозниците.

„Бараме да се седне и да се преговара и да се престане со овие блокади, зашто ние транспортерите сме први кои ги чувствуваме последиците“, вели Муратовска.

Вчера владини претставници на двете земји во Приштина не постигнаа договор, така што продолжува ембаргото за македонски производи на Косово, како и плаќањето такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија.
XS
SM
MD
LG