Достапни линкови

Протести во Москва на поддржувачите на Навални


Поддржувачи на опозицискиот кандидат за градоначалник на Москва, Алексеј Навални, се собраа денеска на протест со барање за ново пребројување на гласовите од вчерашните избори. Властите веќе го прогласија про-владиниот кандидат Сергеј Собјанин за победник на изборите за градоначалник на Москва, но приврзаниците на Навални тврдат дека треба да има и втор круг. Властите ги одобрија денешните протести во Москва, кои се одржуваат под силно полициско обезбедување.
XS
SM
MD
LG