Достапни линкови

logo-print

За Македонија заврши ЕП во кошарка


Со четвртиот пораз во петтиот настап, македонската кошаркарска репрезентација го заврши својот настап на Европското првенство во Словенија. Македонија попладнево загуби од Летонија со 76:66 и не успеа да обезбеди пласман во следниот круг.

Очигледна беше демотивираноста кај избраниците на селекторот Алеш Пипан по вчерашниот изгубен натпревар со Босна и Херцеговина. Ниту теоретските шанси не беа доволен мотив „црвено-жолтите“ да прикажат борбена игра со силна одбрана и ефикасен напад.

Уште на самиот почеток и 12:0 за Летонците беше јасно дека тешко ќе се освојат два бода во денешниот дуел, а уште потешко со посакуваната разлика од 10 поени.

Капитенот Перо Антиќ со 16 и Тодор Гечевски со 11 поени беа најефикасни во македонскиот тим, додека Летонија во победата беше предводена од Кристапс Јаниценокс и Јаниз Берзинш кои реализираа по 15 поени.
XS
SM
MD
LG