Достапни линкови

Асад предупредува на последиците од напад врз Сирија


Сиријскиот претседател Башар Ал Асад го предупреди Вашингтон да ги земе предвид последиците доколку се реши за напад во Сирија. Во интервју за американската телевизија Си Би Ес, Асад изјави дека може да се очекува се, бидејки владата не е единствениот играч во регионот, туку постојат различни фракции и различни идеологии. Може да се очекува натамошна дестабилизација и ширење на тероризмот, оцени Асад. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери е на европска турнеја, во чии рамки денеска во Лондон разговараше со неговиот британски колега Вилијам хејг. Кери повтори дека сиријскиот режим мора да биде казнет за употребата на хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG