Достапни линкови

Нимиц ќе бара изјаснување за предлогот


Дообликување на предлозите за надминување на долгогодишниот спор за името се очекува да донесе медијаторот Метју Нимиц, кој од денеска е во посета на регионот.

Дообликување на предлозите за надминување на долгогодишниот спор околу името се очекува да донесе медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, кој доаѓа во посета на Грција, а потоа на неговата агенда е и Македонија. Професор Димитар Мирчев нема големи очекувања од посетата на Нимиц, но додава дека е добро што продолжуваат разговорите и се конкретизираат предлозите.
Не очекувам драматично нови промени во процесот на посредување или, пак, нови предлози, но мислам дека е исклучително добро што посредникот Нимиц го продолжува процесот, ги конкретизира разговорите и досега дадените предлози.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

„Не очекувам драматично нови промени во процесот на посредување или, пак, нови предлози, но мислам дека е исклучително добро што посредникот Нимиц го продолжува процесот, ги конкретизира разговорите и досега дадените предлози“, вели Мирчев.
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски и посредникот Метју Нимиц на работен ручек во Скопје.

Минатиот предлог се знае дека беше одбиен меко од страна на Грција, но не толку жестоко, а во Македонија практично имаше молк во врска со тој предлог. Јас мислам дека кончено сега тој ќе има финализиран предлог и ќе бара изјаснување на двете страни во врска со предлогот.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.
Доаѓањето на Нимиц е во рамки на неговата посета на регионот. Последен пат медијаторот Нимиц во Македонија беше во јануари годинава. Во април медијаторот излезе со предлогот Горна Македонија. Неки експерти веруваат во придвижувања и веруваат дека многу случувања се во прилог на тоа, а во тој контекст, според нив, е посетата на Ахмети на Атина. Професор Нано Ружин вели дека Нимиц доаѓа во Македонија за да испита до каде се двете страни во преговорите, но е воздржан за очекувањата.

„Нимиц доаѓа пред сè со оглед дека долго време не бил во Република Македонија, второ, дека постоеја одредени контакти на ниво на коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, видовме дека Али Ахмети се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, Венизелос, и да се испита дали има некоја можност, дали има некои помрднувања од двете страни“, вели Ружин.

Професор Мерсел Биљали смета дека посетата на Нимиц е дел од дипломатскиот притисок врз нашата влада, што според некои соговорници се забележува и преку посетата на Ахмети на Атина. Биљали вели најважно и да се има волја да се помрднат работите напред.

„Минатиот предлог се знае дека беше одбиен меко од страна на Грција, но не толку жестоко, а во Македонија практично имаше молк во врска со тој предлог. Јас мислам дека кончено сега тој ќе има финализиран предлог и ќе бара изјаснување на двете страни во врска со предлогот“, вели Биљали.

Ружин додава дека доаѓањето на Нимиц е потврда дека САД и ОН се заинтересирани за евроатланските интеграции на Македонија, со оглед дека се наближуваат повеќе значајни датуми за нас како што е објавувањето на извештајот за напредокот што треба да го објави Европската комисија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG