Достапни линкови

Собијанин е градоначалник, Навални протестира


Алексеј Навални

Алексеј Навални

Кандидатот на Кремљ, Сергеј Собијанин ја доби трката за градоначалник на Москва уште во првиот круг, со 51,37 насто гласови.
Ова денеска го соопшти Изборната Комисија во Москва.
Лидерот на опозицијата, Алексеј Навални ги обвини властите за фалсификат и најави масовни протести.
Според официјалните резултати, Навални е на второто место, со 27,24 проценти освоени гласови. Излезноста во Москва била 32 проценти.
XS
SM
MD
LG