Достапни линкови

logo-print

Полиција повторно растеруваше демонстранти во Истанбул и Адана


Таксим - архива

Таксим - архива

Турската полиција употреби ноќеска солзавец и водени топови за да растера демонстранти во Истанбул и Адана кои протестираат против намерите на властите да исечат дрва во реон на универизтет.
Во Адана десетици демонстранти протестираа во паркот Ататурк по што се упатиле низ улици во градот. Полицијата успеала да ги растера демонстрантите до созлавец и водени топови. Си-Еи-Ен Турк јави дека има повредени на двете страни, а неколку луѓе биле приведени.
Во Истанбул стотина луѓе го блокирале движењрто по еден од булеварите.
По неуспешниот повик од полицијата, биле употребени солзавец и водени топови. Протестите беа против намерата на властите да исечат дрва во близина на Блискоисточниот технички универзитет.
XS
SM
MD
LG