Достапни линкови

logo-print

Сирија, големите војни почнуваат со мали


Шефот на кабинетот на американскиот претседател Барак Обама, Денис Мекдона, изјави дека здравиот разум сугерира оти владата на претседателот Башар ал Асад веројатно е одговорна за неодамнешниот напад со хемиско оружје. Сепак, тој призна дека Соединетите Држави немаат непобитен и сигурен доказ оти нападот бил извршен токму од сиријскиот режим.

Оваа изјава на Денис Мекдона за американската телевизија доаѓа во време кога администрацијата на претседателот Барак Обама продолжува да врши притисок врз конгресмените да одобрат ограничена воена акција против сиријската влада.
Ова е насочена и ограничена акција за да се зајакне забраната против ваквите видови оружје. Доколку не го сториме тоа, ова оружје ќе се шири и ќе претставува закана за нашите пријатели и сојузници.

Претставничкиот дом и Сенатот денеска и официјално ја почнуваат дебатата за оваа мерка и се уште не е јасно дали тие ќе ја поддржат. Повеќето законодавци изразија загриженост за тоа дали нападите нема да значат и подолгорочно американско вклучување во конфликтот.
Шефот на кабинетот на американскиот претседател Барак Обама, Денис Мекдона

Шефот на кабинетот на американскиот претседател Барак Обама, Денис Мекдона


Вашингтон смета дека отровниот гас сарин бил употребен во нападот на 21 август во близина на Дамаск при што загинале 1429 лица, од кои над 400 деца.

„Ова е насочена и ограничена акција за да се зајакне забраната против ваквите видови оружје. Доколку не го сториме тоа, ова оружје ќе се шири и ќе претставува закана за нашите пријатели и сојузници“, рече Мекдона.

Во истовреме, во друго интервју за американската телевизија сиријскиот претседател Башар ал Асад ги повтори наводите дека бунтовничките сили биле одговорни за нападот.
И да не грешиме. Моментот кога една од оние крстосувачки ракети ќе падне таму, ние сме во сиријската војна. Тоа е граѓанска војна и ние ќе застанеме на страната на бунтовниците од кои повеќето се поврзани со Ал Каеда.

Интервјуиран во Дамаск, Асад исто така рече дека Соединетите Држави, доколку нападнат, би можело да се соочат со соодветен одговор. Тој го предупреди Вашингтон да не се вовлекува во нова војна на Блискиот Исток.

Претседателот Барак Обама, како што во минатата недела самиот најави во Санкт Петербург, утре треба да и се обрати на нацијата во врска со Сирија.

Конгресменката Лорета Санчез, од Демократската партија на претседателот Обама, изрази сомневање дали ударот врз Сирија ќе биде од корист за интересите на американската национална безбедност.

„Не слушнав дека Асад сака да употреби оружје против нас. Не слушнав дека сака да употреби оружје против нашите сојузници. Затоа прашувам: каде е тука националната безбедност? И да не грешиме. Моментот кога една од оние крстосувачки ракети ќе падне таму, ние сме во сиријската војна. Тоа е граѓанска војна и ние ќе застанеме на страната на бунтовниците од кои повеќето се поврзани со Ал Каеда“, вели Санчез, додавајќи дека не треба многу за да се почне нова војна.

Членот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајкл Мекаул го обвини претседателот Обама дека се обидува да си го спаси образот и да го зачува респектот откако претходно порача дека хемиското оружје ќе биде црвената линија која ќе иницира подлабока американска интервенција во Сирија.

„Мислам дека лобирањето со неколку „Томахавк“ проектили нема да го врати нашиот кредибилитет во странство. Тоа е еден вид на чување на образот на претседателот откако тој ја повлече црвената линија. Затоа јас сум многу загрижен дека ако еднаш влеземе, тогаш сме влезени. Ако еднаш удриме тогаш сме во активна војна. Големите војни почнуваат со мали“, изјави конгресменот Меккаул.

Гласањето во Сенатот и во Претставничкиот дом за одобрување воена акција врз Сирија треба да се одржи во текот на неделава.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG